Не е точно дека Bakцината на „Фaj3ep“ ја зголемила cmpтноста во Изpaeл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ ја манипулира јавноста дека вакцината против ковид-19 во Израел ја зголемила стапката на смртност, односно дека смртноста од вакцината кај постарите луѓе е за 40 пати повисока од смртноста од корона-вирусот, а кај младите е зголемена дури за 260 пати. Наводите изнесени во овој пост се извадени од текст на сајтот LifeSiteNews, којшто е линкуван во објавата.

Оваа веб-страница, според MediaBias/FactCheck е основана од конзервативната лобистичка организација во Торонто, во 1978 година и сè уште е финансирана од неа. LifeSiteNews е оценет како крајно десен и пристрасен сајт, кој прави избор на стории и објавува манипулативни написи. Веб-страницата е позната и по анти ЛГБТ написи, а каналот „Јутјуб“ во февруари 2021 година го банира сајтот поради објавување дезинформации во врска со ковид-19.

Во написот на LifeSiteNews се посочува дека:

Повторна анализа на објавените податоци од израелскиот министер за здравство д-р Ерве Селигман, член на Факултетот за медицина од одделот за заразни и тропски болести на Универзитетот во Марсеј, и инженерот Хаим Јатив, откриваат дека експерименталната вакцина mRNA од „Фајзер“ убива „околу 40 пати повеќе (постари) луѓе отколку што би убила самата болест“ за време на последниот период од пет недели на вакцинација. Според нивниот заклучок, меѓу помладата класа, овие бројки се зголемуваат со стапки на смртност за 260 пати повеќе отколку што вирусот Ковид-19 би убил во дадената временска рамка…

Ваквите наводи се неточни, односно не постојат докази, кои ќе ги потврдат. Министерството за здравство во Израел на својата официјална веб-страница дава можност секој што се вакцинирал и почувствувал некаков несакан ефект, тоа да го пријави. На 21 јануари, Израелското здружение за алергија и клиничка имунологија соопшти дека биле администрирани 20 милиони дози од вакцината „Фајзер“ ширум светот, со само неколку сериозни несакани реакции и „ниту еден случај на смртност“.

Во извештајот од 27 јануари од Министерството за здравство се наведени несакани ефекти на вакцината и се вели дека повеќето од нив регистрирани во Израел се „лесни и минливи“ и „се слични по нивната фреквенција и карактер на симптомите пријавени по други вакцини кои му се давале на населението“.

Ова вклучува симптоми како што се болка на местото на инјектирање или главоболка (тука). Една област на загриженост вклучува неколку случаи на анафилактичен шок – кој може да се третира, но и неколку алергиски реакции. Овој вид реакција е исклучително редок и не се пријавени жртви.

На 9 февруари, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху рече дека повеќе од 97 отсто од смртните случаи поврзани со ковид-19 во Израел претходниот месец биле кај луѓе што не биле вакцинирани против оваа болест.

На 21 февруари, Министерството за здравство на Израел соопшти дека вакцината на „Фајзер“ била 98,9 отсто ефективна во спречувањето хоспитализации и смртни случаи предизвикани од ковид-19.

Вакцината драматично ги намалува сериозните болести и смрт и ова влијание можете да го видите во нашата статистика за морбидитет, го цитира онлајн-весникот „Тајмс оф Израел“ генералниот директор на Министерството за здравство, Чези Леви.

Имајќи ги предвид официјалните извештаи на израелското министерство за здравство, како и изјавите на израелските функционери за ефикасноста на вакцината против ковид-19 и нејзиното влијание врз намалувањето на смртноста од корона-вирусот, може да се заклучи дека наводите изнесени во текстот се неточни. Тие имаат цел да ја манипулираат јавноста и да му наштетат на процесот на вакцинација против вирусот кој однесе многу животи на светско ниво. Со објавување вакви манипулативни и лажни наводи се доведува населението во заблуда и директно се нанесува штета на општото јавно здравје.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This