дома Временска Прогноза Не излeгyвajтe нaвeчep: Oбилни вpнeжи oд дoжд нe oчeкyвaaт вo тeкoт нa...

Не излeгyвajтe нaвeчep: Oбилни вpнeжи oд дoжд нe oчeкyвaaт вo тeкoт нa нoќтa

Од попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.

Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. Дневната температура ќе се движи од 18 до 25 степени.

Во Скопје, не очекува сончево со умерена облачност. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени, соопштија од УХМР.

И утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.