дома Хроника НЕ МУ ТРГНА ГОДИНАВА: Сашо Тасевски добил заканувачко писмо!

НЕ МУ ТРГНА ГОДИНАВА: Сашо Тасевски добил заканувачко писмо!

В.д. директорот на Драмски театар-Скопје Сашо Тасевски вчера пријавил дека истиот ден во 10,30 часот, во службената канцеларија на Драмски театар-Скопје, пристигнало писмо адресирано лично до него.

Откако го отворил писмото забележал дека во истото има напишана порака со заканувачка содржина за него и други лица. Пријавителот појаснил дека вакви пораки со заканувачка содржина добивал и порано од лице на Фејбук.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.