НЕ САКАМЕ УКРАИНСКО СЦЕНАРИО, НО НЕМА НИТУ ДА СПИЕМЕ ДОДЕКА ЈА РАСТУРААТ ДРЖАВАТА: Интервју на Груевски за српски Телеграф!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Протестите во Македонија влегоа во својата втора недела, а земјата веќе две години е во тешка политичка криза. Во интервју за Телеграф.рс , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека македонскиот народ е на нозе и дека нема да се повлече. Груевски во интервјуто за Телеграф.рс говореше за можните излези од кризата, односите со Албанците и ситуацијата во регионот.

gr-tele

Груевски ситуацијата ја опишува како тензична и неизвесна. Објаснува дека тешко може да се очекува било што друго освен протести на граѓаните, кога како што вели, одите спротивно од нивната волја, спроведувајќи сценарио за потполно редифинирање на државата и комплетна промена на нејзиниот концепт и минато, но и со изборни измами.

–За жал, минативе месеци тоа се случува во континуитет. Граѓаните својата поддршка на предвремените избори ја дадоа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, составена од 25 партии од сите етнички заедници – Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и останати. Граѓаните се одлучија за нашата програма и проектите кои ги нудевме. Тие му го свртеа грбот на Зоран Заев и СДСМ, иако тој најавуваше убедлива победа на изборите, вели Никола Груевски.

Тој кажа дека народот застанал на страна на неговата партија и коалицијата и покрај огромната финансиска и логистичка помош која Зоран Заев ја добивал од организацијата и логистиката на Сорос и странските центри.

–Сега повеќето граѓани кои гласаа за нас се чувствуваат изневерени. Поради одлуката на ДУИ да оди во коалиција со СДСМ, граѓаните се револтирани затоа што не се почитува волјата на повеќето Македонци. Партијата која победила во условно кажаниот македонски блок, партијата која има поддрка од мнозинството за реализација на програмата која беше понудена на изборите, сега е оневозможена во тоа поради одлуката на партијата победник во албанскиот блок, напоменува Груевски.

Смета дека со тоа создава еден опасен преседан, чиј главен столб би бил продажба и непринципиелна трговија со интересите на државата.

–Заев им ветуваше мед и млеко на изборите, од ракав вадеше ветувања за се и сешто, за да сега после изборите им соопшти дека прифаќа платформа креирана во соседна држава со која треба да се направи комплетно редефинирање на земјата. Од мултиетничка и граѓанска држава да стане бинационална, двојазична и од унитарна да се приближи на федерална. Круна на сето тоа треба да е промена на името и идентитетот по пример на нашиот јужен сосед, вели Груевски.

На прашањето на дали протестите на улица може да ескалираат, Груевски вели дека гневот во народот е огромен.

–Кога имате стотина илјади луѓе на улиците секој ден, значи дека проблемот е сериозен и треба да се лоцира во кого е и зошто е тој револт и проблем. Единствено решение со кое би се смирил гневот на измамените граѓани е да се слушне нивниот глас. Заев и СДСМ треба да сфатат дека народот се противи на тоа што тие на преговорите ги ставија државните и националните интереси, додава Груевски.

Груевски вели дека срамно и недостоинствено кога се тргува со нешто за што се бореле и гинеле предците.

-Јас се надевам дека раководството на СДСМ ќе сфати пораката и ќе го послуша народот. Доколку тие тоа го одбијат исплашени поради уцени и ако се одлучат за Тиранска влада наместо одбивање на платформата, тогаш никој не може да каже како ќе се развива ситуацијата, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Политичките противници Груевски го обвинуваат дека стои позади граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и протестите. Тој вели дека со тоа му прават чест, но дека тие тврдења не се точни.

-Се работи за една лага на СДСМ, која секогаш имала да проблем сфати дека народот е мудар и дека не можеш да го излажеш. За нив постојат само луѓе кои за пари би одработиле протести како што се случуваше во т.н. Шарена револуција. Затоа не можат да сфатат и да видат кога имаме автохтон револт на граѓаните. Во Македонија се раѓа една нова светлост на автентично делување на народот соочен со предизвикот на својата генерација, и тука не се потребни партии или поединци, затоа што идејата е главна водилка помоќна од партијата и лидерот. Ова што од ден во ден го гледаме е јасен сигнал дека народот ја отфрла политиката на Заев и се ова што се случува во Македонија, вели Груевски.

Груевски во интервјуто уште еднаш повторува зошто „Тиранската платформа“ не е прифатлива за него и неговата партија. Основна причина е како што вели е што е припремена во Тирана.

-Како што признаа од партијата Беса, Платформата ја припремиле од албанската влада, а потпишана е под патронат на Еди Рама. Потполно е неприфатливо е акт на туѓа држава да биде основен документ по кој ќе се формира идната владина коалиција, напоменува Груевски во интервјуто.

Тој смета дека платформата се коси со Уставот и основните начела по кој е конституирана Македонија и води кон раздор во државата.

-Со воведувањето двојазичност и условувањето да се реши прашањето околу името во најкраток пожен рок потполно се чепка во идентитетот на Македонија. Се влегува во една опасна авантура која ќе има одговарачки чекори. Следи кантонизација и федерализација, а инспираторот на ова црно сценарио веројатно очекува потполно распаѓање на државата во финалната фаза. Тоа сигурно ќе доведе и до регионални предизвици, кажа Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ апелира сите соседи на Македонија да се воздржат од било какви активности кои дополнително би можеле да ја отежнат ситуацијата.

-Заеднички треба да го поминеме периодот кој е полн со предизвици за целиот регион. Заев не е Македонија, Заев е исклучок кој не смее да се наметне како репер и вредност бидејќи тоа е веќе лошо.

Напоменува дека последиците од евентуалното усвојување на платформата би биле огромни.

-Тие нема да застанат само во границите на Република Македонија. Веќе гледаме што се случува во целиот регион како реакција на платформата. И Србија и Грција и Бугарија се во извесна смисла загрозени. Човекот уште не дошол на власт, а успеа да не испокара со сите. Со некои со кои можеби сме имале некои разлики сега не само што ги продлабочува, туку им дава и друга суштина, вели Груевски и напоменува дека Србија жестоко реагирала затоа што платформата, измеѓу другото, предвидува осуда на Србите за геноцид над Албанците.

-Што е уште поризично, нејзиното усвојување ќе испрати сигнал и на другите земји во регионот да работат на ист принцип. Да подготвуваат платформи и да ја користат секоја можност за уцена на соседите. Тоа не води кон мир и стабилност во регионот. Во конкретниот случај, Заев е тој кој е подготвен да прифати и да подлегне на уцените за спроведување на нечии туѓи агенди. Во иднина тоа ќе биде некој друг Заев во некоја друга држава, а некој друг народ ќе го брани својот идентитет на улиците, предупредува Груевски.

Меѓутоа, Груевски не може да ја предвиди реакција на Албанците, доколку не се прифатат нивните предлози.

-Не знам и не можам да претпоставам. Се е ова манипулација со Албанците во земјата. Нивниот живот нема да се подобри ако имаат двојазичност во Штип или Струмица каде што нема Албанци, а ќе се подобри ако продолжиме со привлекувањето ивнестиции и отварање на нови работни места, зголемување на стандардот, со поголеми пензии, плати, субвенции во земјоделството, подобро образование и на албански јазик, подобро здравство и инфраструктура, изјави Груевски за Телеграф.

Тој вели дека не е изненаден од барањето на албанските партии, туку е изненаден и разочаран од подготвеноста на СДСМ да прифати се што било побарано.

-Партиите на Албанците се најдоа во ситуација да со 20 пратеници одлучуваат кој ќе ја состави идната влада. Тие беа изненадени во кампањата кога СДСМ, соочена со поразот на изборите и можноста дел од нивното раководство да одговараат за корупција и криминал, да излезат со понуда до Албанците која тие ја немаа во план. Затоа, кога видоа дека ова е шанса за уцена, настапуваат максималистички. Кога ќе видат дека СДСМ е спремен да лицитира со државните и национални интереси, сосем е нормално да кренат цената за нивната поддршка, вели Груевски.

Груевски го обвинува Заев дека во текот на кампањата во Швајцарија пред албанската дијаспора изјави дека рамките во Охридскиот договор не се доволни и треба да се надминат, и дека кантоните во Швајцарија се пример на кој треба да се угледаме.

Груевски се надева дека нема да дојде до повторување на воените случувања од 2001 година.

-Ситуацијата е променета во однос на 2001 година. И регионално и меѓунардоно, но и дома, во секој поглед. Рамковниот договор е реализиран скоро во потполност. Албанците во Македонија ги уживаат правата кои ги нема ни една друга етничка група, никаде во регионот и пошироко. Албанците во Македонија уживаат права кои нема ниту една друга етничка група во регионот и пошироко. Во комуникацијата која полицијата ја откри помеѓу Зоран Верушевски и останатите кои заедно со Зоран Заев беа осомничени во случајот „Пуч“, се заговараше украинско сценарио, граѓанска војна и крв до колена. Не смееме да дозволиме да стигне до таму. Но нема ниту да преспиеме додека ни се распаѓа државата, исткнува Груевски.

На прашањето како дошло до прекинување на соработката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, најголемата партија на Албанците во Македонија, која беше долгогодишен коалиционен партнер на неговата партија, Груевски вели дека главна причина бил принципиелниот настап на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што одбиле било какви условувања.

-Самата наша почетна позиција беше кристално јасна. Влада да, но не по секоја цена. Платформата од Тирана ја исфрливме од самиот почеток. Ние немаме проблем со унапредвуањето на правата на Албанците, вклучувајќи ги и јазичните во оние делови каде имаат застапеност на 20 проценти, но никако не се согласуваме на воведување двојазичност на целата територија. Не можеме да поддржиме менување на банкнотите, ноту голем број други елементи од Платформата – геноцидот, знамето, идентитетот, грбот, химната и слично. Тоа се основните причини. На ова прашање посветивме најголем дел од времето во текот на преговорите, кажа Груевски.

Тој излезот од кризата го гледа во два правци. Вели дека оваа пролет треба да се одржат редовни локални избори.

-Тоа е добар термин за одржуање и нови предвремени парламентарни избори. Ниту државата, ниту партиите нема да имаат дополнителни трошоци, а народот ќе добие можност да се изјасни околу Платформата од Тирана. Народот воопшто не беше прашан за оваа Платформа на изборите во декевмри. А државата е на народот, а не на Заев. Ако Зоран Заев и партиите на Албанците се убедени дека таа е добра за иднината на земјата, нека се охрабрат нека ја стават на гласање. Нека граѓаните одлучат дали сакаат во иднина Македонија да се редефинира во правецот на платформата, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Друг излез кој го нудиме е ако албанските партии го донесат на власт, СДСМ да ја отфрли Платформата од Тирана и реализацијата на сите елементи во неа, продолжува Груевски.

-Во тој случај би го поддржале Зоран Заев да формира влада во период кој заеднички би го договориле, иако ги изгуби последните избори. Тоа е помала штета за држата отколку усвојување на платфромата, вели Груевски.

Тој не ја исклучува можноста за повторна соработка со ДУИ, но од други услови.

-ДУИ одлучи да го погази принципот „победник со победник“, кој на нивно барање го воспоставивме во 2008 година. Тогаш нивниот аргумент беше „зошто Албанците би оделе на гласање ако победникот во македонскиот блок одлучува кој би влегол во влада од албанскиот блок“. Сега тој принцип е поништен. Победникот во албанскиот блок одлучи да даде поддршка на поразениот во македонскиот блок и со тоа практично Македонците ги испратија во опозиција. Не гледам зошто мнозинството Македонци во иднина би размислувале дали е одговарачки застапено мнозинството Албанци. На сцената се јавуваат нови релевантни политички субјекти во албанскиот блок, па во иднина на победникот во македонскиот блок веројатно ќе му поедноставно да направи избор, ја појаснува ситуацијата Груевски.

Сепак, Груевски му нуди соработка на СДСМ, но вели дека според нивните реакции тешко дека би можеле да соработуваат со актуелното раководство на СДСМ.

-Се разликуваме како ден и ноќ. Ние сме за унитарна мултикултурна Македонија, а они за платформата од Тирана и бинационална држава. Ние се бориме за државните и националните интереси, а они за виткање кичма. Ние носиме странски инвестиции и ја намалуваме невработеноста, а они оставаат стотина илјади луѓе на улици затворајќи фабрики. Ние ги зголемуваме пензиите и платите, а они крадат. Ние делиме субвенции за земјоделците, а они немаа предвиден ниту денар за нив додека беа на власт. Ние покажавме огромни резултати во борбата против криминалот и корупцијата, а они нас истовремено не напаѓаат за корупција без аргументи, а нивните градоначалници како Заев на пример отворено бараат мито од сите фирми во општината дури и кога тоа го гледа цела држава на телевизија со видео снимка направена по легален пат од страна на јавното обвинителство, тие не се срамат од тоа, вели Груевски.

Додава дека се работи за два различни концепти.

-Сепак, тоа што е поголемо од нас е љубовта кон Македонија. Затоа и понудивме соработка. Ќе ги поддржиме СДСМ во се, дури и во ударите против ВМРО-ДПМНЕ, само, само да се откажат од платформата од Тирана. Многу помала ќе биде цената која сите ќе ја платиме во тој случај, напоменува Груевски.

Тој смета дека притисоците од ЕУ и НАТО на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, сепак да му го даде мандатот на Заев, се непотребно мешање во внатрешните работи.

„Ова го говорам генерално, затоа што мислам дека во Македонија има доволно демократски капацитет и мудрост сама да донесува одлуки. Во конкретниот случај најдобро би било за коментар да го прашате претседателот Иванов, кој сигурно има доволно аргументи за одлуката која ја донел“, вели Груевски.

Додава дека политичката криза влијае на економијата од повеќе аспекти.

-Овие две години и покрај кризата сеуште бележиме раст и тоа доста солиден, благодарение на огромниот капитал и се што направивме пред почетокот на политичката криза. Дел од компаниите со кои контактиравме како идни ивеститори, а кои покажаа голем интерес за инвестирање во Македонија, сега се повлекуваат. Ист таков ефект е и на евро-атланските интеграции. Позитивно во целата приказна е што Република Македонија ги исполни сите критериуми за членство во НАТО и за отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Освен што не го надминавме проблемот кој Грција го има со нашето име. Се разбира дека е лошо што сегашната криза прави дефокус од следните реформи кои ни беа неопходни и со самото дополнително може да не закочи на атот кон потполно приклучување кон НАТО и ЕУ, кажа Груевски.

На прашањето како актуелната ситуација може да влијае на регионот, тој вели дека регионот е ознат по што случува често се одвиваат по принцип на споени судови.

-Лесно се случува кризата во една земја да се прелее во друга. Многу интереси се преливаат на Балканот. Кога на тоа ќе се доадат десетици, па и стотина илјади мигранти кои можат да тргнат на т.н. Балканска рута оваа пролет, целата ситуација станува уште покомплицирана. Покрај тоа нема доста земји во регионот очекува различни избори, па реториката веројатно ќе се вжешти и малку ќе недостасува да пламне, предупредува Груевски.

Истакнува дека со српската Влада има искрени и пријателски односи.

-Секогаш сме се труделе да ги затвориме сите отворени прашања, бидејќи како соседи и како пријателски народи секоја соработка ни помага и нам и на Србија. Со српската Влада организиравме и заедничка владина седница, а реализиравме и други бројни заеднички проекти со кои сакавме да дадеме пример како може и како треба двајца соседи взаемно да се почитуваат и да соработуваат. Со ретки исклучоци, можам да кажам дека со српската влада имаме одлични односи, заклучи Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This