дома Македонија „НЕ САКАМ ДА ПОДГРЕВАМ НАДЕЖИ“: И Хан не верува дека ќе добиеме...

„НЕ САКАМ ДА ПОДГРЕВАМ НАДЕЖИ“: И Хан не верува дека ќе добиеме датум во март

Еврокомесарот Јоханес Хан не сака одново да ги подгрева надежите дека е можно Европската унија наскоро да донесе одлука за почеток на пристапни преговори со Македонија и со Албанија.

-Факт е дека до Самитот во Загреб во мај работите мора да бидат расчистени, но не би сакал да шпекулирам дали одлука ќе се донесе на Европскиот совет во март, вели комесарот Хан во разговорот со новинарот од „360 Степени“ и додава:

„Беше интересно и за оние што беа kpитични и ставија вeто, да ја видат меѓународната реакција, која беше јасна и едногласна реакција- сите рекоа дека станува збор за огромна грeшка со далекусежни последици, ако не се промени. Секако, за политичарите не е секогаш лесно веднаш да го променат мислењето, но мислам дека се предизвикаа одредени рефлексии и ние сме подготвени да помогнеме и да најдеме решение зашто огромен дел од земјите-членки, поточно најмалку 25, се за „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори“.