дома Занимливости НЕ ЧЕКА КРВАВА МЕСЕЧИНА ОВОЈ ВИКЕНД: Целосно помрачување и невиден феномен кој...

НЕ ЧЕКА КРВАВА МЕСЕЧИНА ОВОЈ ВИКЕНД: Целосно помрачување и невиден феномен кој ќе се повтори дури во мај 2021 година!

Месечината, Земјата и Сонцето ќе бидат во една линија во текот на викендов кога се очекува целосно затемнување на Месечината, единствено во оваа, но и во наредната година.

Истовремено, Месечината ќе биде најблиску до Земјата поради што ќе делува поголема и посветла од вообичаено, и ќе има црвена боја, феномен кој се нарекува Супер Месечина.

Американскиот астрофизичар Патрик Хартиган изјави дека ќе биде интересно зошто ќе се случи и Супер Месечина и целосно затемнување на Месечината, додавајќи дека затемнувањето нема да трае долго, околу еден час.