дома Свет Не cи игpaјте со нykлeapна cилa – Путин бpyтален: И да го...

Не cи игpaјте со нykлeapна cилa – Путин бpyтален: И да го потонeвмe британскиот бpoд нemaше да почне Трета Светска Bojна

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека разорувачот на британската кралска морнарица во Црното Море намерно се обидел да ги тестира одбранбените способности на Русија, пренесува Ројтерс.

“Поради инцидентот со британскиот разурнувач во близина на Крим, светот не беше на прагот на Tретата Cветска Bојна. И да го потоневме британскиот paзорувач, немаше да има Tрета Cветска Bојна”, рече Путин за време на специјалната програма „Директна линија“, пренесува „Спутник“.

Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, изјави дека секоја провокација насочена кон една нуклеарна држава претставува закана за глобалната безбедност.

„Добро е што инцидентот со британскиот разорувач во Црното Море заврши без никакви последици. И последиците може да бидат застрашувачки. „Секоја провокација насочена кон една нуклеарна држава претставува закана за глобалната безбедност на планетата“, напиша Володин на својот профил на Телеграм.

Тој исто така рече дека сега Европската унија се обидува да го ублажи она што го стори Велика Британија, што е еден вид изразување на „двојните аршини“.

„Би било исправно меѓународните организации како ОБСЕ, ООН и ПССЕ да го осудат инцидентот и да ги повикаат на одговорност сите што учествуваа во организацијата на оваа авантуристичка акција“, додаде тој.