дома Временска Прогноза НИВОТО НА ВАРДАР ЗГОЛЕМЕНО ДО ТРИ ПАТИ: Вардар пред излевање кај Јегуновце,...

НИВОТО НА ВАРДАР ЗГОЛЕМЕНО ДО ТРИ ПАТИ: Вардар пред излевање кај Јегуновце, во Скопје двојно зголемено нивото

Скоро трипати повисок од јулскиот просек е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажува денешното хидролошко мерење на УХМР.


Двојно зголемено е и нивото на Вардар кај Зајчев Рид во Скопје, додека кај другите реки низ државата водостоите се без значителни отстапки.
Нивото, пак, на Охридско Езеро е на кота на дозволениот максимален водостој, а на Дојранското е пет сантиметри над договорениот максимален водостој.