September 26, 2022, 9:11 pm

Ние го туркаме каменот,а тие седат, трошат пари и пијат пиво: Секако дека се во предност, но наше е да се бориме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија Александар Вучиќ го прокоментира наводното истражување на јавното мислење кое го претстави партијата на Драган Ѓилас, според кое опозицијата во Србија води во однос на Српската напредна странка…

– Секогаш се плашам кога ќе помислам дека Србија може да падне во рацете на оние кои ја опљачкаа оваа земја и не граделе ништо со децении. Видов дека ИПСОС ги фати во лага, секкако дека не правеле никакво истражување, но јас му велам на народот дека тие се во предност, не само во Белград, туку во Србија. Ние го туркаме каменот, но остана уште многу,, тие седат, трошат пари, пијат пиво-рече Вучиќ и додаде:

– Ние одиме со аргументи да го туркаме каменот, бидејќи далеку го истуркавме, но мораме уште многу да направиме. На луѓето им е подобро да бидат на нивна страна, полесно е луѓето да бидат на страна на оние кои оговараат и критикуваат-рече Претседателот.

Но, истакнува Вуќиќ, ние ќе се бориме.

– Ние ќе се бориме и нема да се грижиме за тоа дали тие ќе не уценуваат со тоа што ќе објават за мене се. Не ми паѓа на памет да заминам од земјава ниту нешто слично , туку ќе продолжам да се борам против оние кои мислам дека се најлоши. Додека живеам, слободарскиот дух во мене, духот на љубовта кон татковината ние нема да дозволиме да не се спротивставувам на оние кои не само што мислам дека се најлоши туку и покажале дека не и посакуваат добро на Србија-порача Вучиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This