дома Спорт НИЕ СМЕ ДУРЛОВСКИ, НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА: Македонските навивачи во Загреб со...

НИЕ СМЕ ДУРЛОВСКИ, НИЕ СМЕ МАКЕДОНСКА ФАЛАНГА: Македонските навивачи во Загреб со поддршка за Дурловски!

Публиката развеа транспарент со порака за поддршка на Игор Дурловски кој се наоѓа во притвор за настаните од 27-ми април во Собранието.

Македонските навивачи кои вечерва ги бодреа ракометарите на мечот против Германија, испратија порака која ја виде цела европска публика.

Публиката развеа транспарент со порака за поддршка на Игор Дурловски кој се наоѓа во притвор за настаните од 27-ми април во Собранието.

Дурловски е познат како професионален оперски пејач ширум светот, а поради политички прогон во моментов се наоѓа зад решетки. Македонската фаланга сакаше ова да биде силната порака:

„Ние сме македонската фаланга. Ние сме Игор Дурловски. Не ме викај ФИРОМ“!