дома Македонија НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА: За вeтoтo не е винoвнa Франција, туку Владата, време...

НИЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА: За вeтoтo не е винoвнa Франција, туку Владата, време е да одговapa

Глобалното движење „Ние сме Македонија“ бара Владата на Зоран Заев да понесе одговорност за недобиениот датум за преговори со Европска унија и за „сите штети што ѝ ги нанесе на Македонија“.

„Краток осврт по француското вето:

Want A Date With A Beautiful Russian Girl?
Want A Date With A Beautiful Russian Girl?

За да се отпочне процес на преговори, ЕУ бара да се исполнат Копенхагенските критериуми:

– Стабилност во институциите што гарантира демократија,
– Правен систем,
– Човекови права и
– Почит и заштита на малцинствата.

Владата наместо да ги спроведе потребните реформи за да ги исполни Копенхагенските критериуми, го промени името за Грција да го повлече ветото, ја имплементира Тиранската платформа и Законот за јазици, кој е, пак, оспоруван од Венецијанска комисија. Дополнително и во извештајот на Прибе беше децидно потенцирано дека за почеток на преговори со ЕУ се потребни клучните реформи, а не само промената на името.

Заклучок: Еди Рама ги свика на средба албанските лидери во декември 2017 година, од која излезе Тиранската платформа. Со тоа Еди Рама наметна непотребни ‘реформи’ во Македонија, од кои наместо Македонија корист има само Албанија.

Вината за француското вето не е во Франција, туку во неспособноста на Владата да ги штити националните интереси на Македонија спроведувајќи ги потребните реформи. Напротив, Владата исполнуваше туѓи желби за туѓ интерес. Следејќи го патот на Тиранската желботека, Владата ја изгуби шансата за евроинтеграција на Македонија, и тоа по цена на губење на името и на идентитетот.

Штетата е непроценлива!

Затоа, потребна е 100 дена Пржинска влада и предвремени парламентарни избори согласно со Уставот на Република Македонија.

Оваа штетна Влада не ни има план Б за како да ја изведе Македонија на ‘прав пат’.

Доста беше од лаги и празни ветувања.

Време е владината гарнитура да сноси одговорност за сите штети кои ѝ ги нанесе на Македонија, од лажираното гласање и прогласување на Таљат Џафери за претседател на Собрание на црниот четврток, па сè до денес“, се вели во прогласот на движењето што од 14 јануари 2018 година ги организира протестите на Македонците низ светот против промената на името на државата.