дома Македонија Николоски: Заев од афepaта „Рekeт“ не бил во посета на ниту една...

Николоски: Заев од афepaта „Рekeт“ не бил во посета на ниту една земја од ЕУ

Кога премиерот Зоран Заев бил последен пат во билатерална посета на држава која е членка на ЕУ, а која не е од соседството, праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Не зборувам за слушање на телефон, не зборувам да оди во соседството, не зборувам да оди во Брисел, туку кога последен пат бил  и дали бил на средба со премиерот на Франција, со премиерот на Шпанија, кога последен пат бил со премиерот на Полска. Јасен е одговорот последен пат такво патување имал пред пред да се објави аферата „Рекет“,, во која тој е на врвот на пирамидата – рече Николоски на Алфа.