дома Свет НИКОЛОСКИ И ЃОРЧЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОКАНЕТИ НА МОЛИТВЕНИОТ ПОЈАДОК КАЈ ТРАМП: Еве...

НИКОЛОСКИ И ЃОРЧЕВ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПОКАНЕТИ НА МОЛИТВЕНИОТ ПОЈАДОК КАЈ ТРАМП: Еве кој од останатите политичари се поканети

Оваа година вицепремиерот Бујар Османи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, пратеникот Влатко Ѓорчев, пратеничката од СДСМ Фросина Ременски, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и сопругата на поранешниот претседател Вилма Трајковска се поканети на традиционалниот Молитвен појадок во Вашингтон, дознава Лидер.

Нашите извори потврдија дека сепак има покана и за некој од владејачката партија, а станува збор за пратеничката Фросина Ременски. Освен неа поканети се и Таравари од Алијанса на Албанците, како и сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски.

Настанот ќе се одржи на 7 февруари, а се очекува гостите да се заложат за соработка, пријателство и благосостојба, како и да разменат мислења за глобалните случувања и предизвици со кои што се соочуваат современите општества.

Молитвениот појадок се одржува секој прв четврток во февруари уште од 1953 година. Зачетник на случувањето е Абрахам Вереида, методист од норвешко потекло. На појадокот во хотелот „Хилтон“ во Вашингтон присуствуваат околу 3.500 гости, при што главно станува збор за истакнати личности, претседатели, премиери, политичари, бизнисмени, верски лидери, студенти.