Николоски: Кога бeгалците ќе видат во каква cиромаштија живее македонскиот народ ќе посакаат да се вратат во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мислам дека кога ќе дојдат бегалците тука и кога ќе ги видат улиците со дупки, улиците полни со ѓубре, кога ќе видат во каква сиромаштија живее македонскиот народ, можеби ќе посакаат да се вратат назад, затоа што можеби во моментов во Македонија е полошо од Авганистан, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Жешко политичко лето” на Канал 5.

Николоски истакна дека жално е тоа што се случува и дека најголема трагедија и мака за еден човек е а се исели од своето огниште од својата земја, но дека Македонија нема капацитет да прими бегалци бидејќи Заев не може државата да ја среди.

– Она што ние го поставуваме како прашање е дали Зоран Заев и оваа влада имаат капацитет за примање на бегалци и нашиот одговор е не, затоа што тие не можат да ја средат државата камо ли да примаат бегалци, потенцира Николоски.

Тој истакна дека Македонија има една таква тажна традиција, стотици илјади Македонци се иселени од Егејска Македонија под притисок на војна, така што апсолутно дека се има симпатија со бегалците од Авганистан, но уште еднаш нагласи дека прашањето е дека Македонија под овие околности нема капацитет да ги прими бегалците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This