February 6, 2023, 11:39 am

Николоски: Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ од партија во клиничка смрт ја направи партија бренд на Балканот која убедливо победува, затоа тој ќе победи на Конгресот во недела

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подготвуваме доктрина на ВМРО-ДПМНЕ која очекувам по дебата на Конгресот да биде усвоена, сакаме да се отвориме кон повеќе општествени групи и да станеме партија на широко движење од центар ќе зафаќа и лево и ќе оди десно. Или партија за сите оние кои не сакаат корупција, а сакаат подобар животен стандард, кои сакаат почитување на правата на сите во Македонија, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гостувањето во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

Во однос на Конгресот тој информираше дека има неколку куриозитети, а тоа е дека прв пат Конгрес се одржува во Скопје и второ, е Конгрес со многу квалитетни содржини.

„Мојата поддршка и поддршката од огромото мнозинство ја има претседателот Христијан Мицкоски. Тој успеа партијата од клиничка смрт да ја донесе во ситуација убедливо да победува, партија која беше стигматизирана од медиумите, партија во која Заев сакаше да прави инсталации и да го руши раководството, а не му успеа, од таква ситуација ја донесе на победники патеки и да ја трансформира во модерна партија на 21 век. Политички на Балканот има три бренда кои растат Неа Демократија, ХДЗ и ВМРО-ДПМНЕ. Ова се само дел од работите поради кои ќе победи Христијан Мицкоски“, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This