February 26, 2024, 7:44 pm

Николоски: Покачувањето на струјата може да е и повисоко од 10 проценти, ама за енергетската kpиза во Македонија причина е што владините функционери мислат само на личните интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев е свесен дека мора да си оди и мислам дека ќе направат влада, ама за кратко, потоа мора да се оди на избори, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.
Според него Македонија ја очекува тешка година.
„Тешка катастрофа не очекува. Мислам покачувањето на струјата ќе е повеќе од 10 проценти, ама пак ќе ги земат парите од граѓаните ќе има низа на поскапувања. За компаниите веќе има 4 до 5 пати повисоки сметки. Или ако просечна компанија која плаќала 10 илјади евра за струја, сега ќе плаќа 40 или 50 илјади евра, на граѓаните ќе им значи бидејќи кога нема да можат да ги платат сметките фирмите ќе почнат да ги отпуштаат од работа“, рече Николоски.
Николоски укажа на сите штети кои Владата предводена од СДСМ ги направи за да дојдеме во ваква енергетска криза.
„Ги уништија и РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј кои произведуваат 90 проценти од електричната енергија за Македонија, ама профитираа нивните фирми. Се што се случува се случува поради корупцијата. Затоа 2022 година ќе е економски многу тешка година, ама треба избори затоа што ќе е подобро да е ВМРО-ДПМНЕ на власт, отколку СДСМ. Подобро ги менаџираме состојбите“, рече Николоски.
Според него нефункционалноста на системот и тоа што нема владеење на правото е исто така проблем и што младите иднинатата ја гледаат надвор. Ова го истакна коментирајќи ги резултатите од истражувањето на јавното мислење финансирано од ЕУ.
„Има три столба како причини или на кои треба многу да се работи. Нема владеење на право затоа нема инвестиции. Кога има корупција на сите нивоа и бизнисот не инвестира. Мора да има владеење на правото и функционален систем. Втор столб е стимул на домашни инвеститори што го нема. Трето, привлекување на странски директни инвестиции кои носат нови знаења и технологија и работна етика што им следува на работниците. Доколку има вакви предуслови ќе биде сосема поинаку, а не како што е сега“, рече Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This