дома Македонија Николоски предупредува: Преговорите на Заев со Бугарија може да завршат многу...

Николоски предупредува: Преговорите на Заев со Бугарија може да завршат многу лошо за Македонија

  • Премиерот одлучи да не ги споделува деталите од преговорите и може само да не изненади и небото е граница и дека процесот на преговарање и наддавање со Бугарија на патот кон ЕУ, може да заврши многу полошо од тоа што било кој од Македонија до сега очекувале, вели Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно на Алфа Телевизија.

    Покрај другото Александар Николоски го објасни барањето на ВМРО-ДПМНЕ во формирањето на Влада за национален спас, со цел да се спречи да се одвиваат работите во погрешна насока, со Ковид-19, Надворешната политика.

    Ова што го предлагаме е повеќе налик на експертската Влада на Никола Кљусев кога брилијантни умови и стручни лица искусни од областите кои се проблем во моментов со цел Владата да изгради соодветен одговор на решавањето на кризата во Република Македонија, но за жал нема воља ни слух од страна на Заев – вели Николоски.