дома Uncategorized Никол Кидман објасни зошто не сака да зборува за бракот со Том...

Никол Кидман објасни зошто не сака да зборува за бракот со Том Круз

Кидман имала само 22 години кога се омажи за тогаш веќе познатиот актер Том Круз.

Заедно беа 10 години и за тоа време посвоија две деца.

Денес нема да ја слушнете Никол како спомнува било што поврзано со Том.

Сепак, неодамна изјави дека бракот со Том и направил да се чувствува безбедно како жена во Холивуд, а сега открила зошто одбегнува да зборува за поранешниот сопруг.

„Сега имам нов сопруг. Од почитуваме спрема него не сакам да зборувам за тоа. Поминаа 20 години“ – изјавила Никол за магазинот „Обсервер“.

„Дојдов до точка кога можам да речам дека не сакам да дискутирам за својот поранешен маж и тоа е добро чувство“ – додала таа.

Никол денеска е во брак со музичарот Кит Урбан со кој има две ќерки.
Извор:канал5.мк