дома Македонија НИКОЈ НЕ ГИ ЧУВА ПАНДЕЛЕВСКИ И КАМЧЕВ: Ниту cудoт, ниту СЈО побарале...

НИКОЈ НЕ ГИ ЧУВА ПАНДЕЛЕВСКИ И КАМЧЕВ: Ниту cудoт, ниту СЈО побарале асистенција и стража за Панделевски и Камчев од МВР!

Досега немаме добиено никакво известување, ниту пак решение за тоа дека треба да се преземаат некакви мерки во однос на обезбедување, рече министерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 21 коментирајќи го куќниот притвор на Орце Камчев и Панделески и тоа дали полицијата има преземено мерки, пренесе Фокус.

На поставено прашање од водителот, за тоа што може да се случи во овие неколку часа откако Камчев и Панделески се во домашен притвор, Спасовски вели дека не сака да мисли на тоа што може да се случи.

Претходно, медиумите блиски до власта во обид да го ублажат шокот од одлуката за укинување на пpитвopoт информираа дека „полиција ќе ги чува Панделевски и Камчев на секој чекор за да не бегаат“.