дома Социјални Мрежи НИКОЈ НЕ ГО СЛУША, ПА НИ ЖЕНА МУ: Зорица играше на мобилен...

НИКОЈ НЕ ГО СЛУША, ПА НИ ЖЕНА МУ: Зорица играше на мобилен додека Зоран Заев зборуваше во Обединетите Нации

Премиерот Зоран Заев, синоќа во Њујорк се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации. Додека тој зборуваше, за неговата сопруга, која беше во салата, поинтересен беше телефонот, отколку говорот на нејзиниот сопруг.

Зорица Заев пребаруваше низ мобилниот, сѐ додека нејзината придружничка не ја опомена дека камерата е свртена токму кон неа, објавува Тв 21. Додека Заев држеше говор и Нина Групер сурфаше на мобилен.

Во текот на говорот, Заев му се заблагодари на посредникот на ОН, Метју Нимиц, за неговата посветеност во изнаоѓање решение околу спорот за името, компромис од кој произлезе Преспанскиот договор.