дома Македонија НИМИЦ: Секогаш добивам добри совети од Ахмети

НИМИЦ: Секогаш добивам добри совети од Ахмети

Медијаторот на Обединетите нации за спорот за името Метју Нимиц  потенцираше оти секогаш добива добри совети од Ахмети.

– Разменуваме мислења за тоа како да се реши прашањето. Многу ги почитувам неговите ставови и секогаш добивам добри совети од него. Разговаравме и за тоа дека процесот напредува. Добив и уверување дека тој ќе игра конструктивна улога во напорите да се изнајде фер и разумно решение – изјави Нимиц.

Лидерот на ДУИ изјави дека му дава целосна поддршка на медијаторот во неговата мисија за решавање на спорот со името.

– Ние му даваме целосна поддршка на Нимиц во оваа многу знајачна мисија што ја има и се надеваме дека што е можно поскоро ова прашање да има епилог затоа што има големо влијание врз нашата иднина, но и врз мирот и стабилноста, изјави Ахмети,