дома Временска Прогноза Ниски утрински температури, дожд и ветрови не чекаат од утре

Ниски утрински температури, дожд и ветрови не чекаат од утре

Во следните часови од север кон нашата територија ќе се спушта студен фронт кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе започне да дува северен ветер кој особено Долж Повардарието ќе биде и засилен по интензивет ( над 60 км/час). Температурите до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 30 степени, додека во вечерните часови значително ќе започнат да опаѓаат и до утре изутрина истите ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 15 степени во најтоплите предели.

Променливо и свежо време со северен ветер кој Долж Повардарието повремено ќе засилува ќе се задржи и утре како и во вторник, кога ќе има услови за локален краткотраен дожд. Додека температурите ќе бидат под просекот за овој дел од годината, односно ќе биде невообичаено свежо (истите ќе бидат пониски од нормалните за 5 до 10 степени). Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени, додека наутро истите на повеќе места ќе паѓаат и под 10 степени.

Сепак поради продор на Значително потопла воздушна маса од југ, Поголемо затоплување на времето ќе имаме од среда па натаму.