дома Македонија НИТУ ЕДЕН ПРАТЕНИК НЕ ДАЛ ПОДДРШКА ЗА ДОГОВОРОТ: Александар Николоски открива дека...

НИТУ ЕДЕН ПРАТЕНИК НЕ ДАЛ ПОДДРШКА ЗА ДОГОВОРОТ: Александар Николоски открива дека информацијата за наводна поддршка на договорот од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ е неточна!

На денешната прес конференција, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше запрашан дали се точни информациите дека одредени пратеници на ВМРО-ДПМНЕ давале поддршка за договорот, како што кажа Петерле после средбата со Христијан Мицкоски.


-Јас бев на состанокот со Петерле и можам да кажам дека ова е неточно или лошо разбрал во преводот или нешто не разбрал. Но, ова е целосно неточно, изјави Николоски.