дома Актуелно НИШТО ОД ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ: Седницата на која требаше да се гласа...

НИШТО ОД ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ: Седницата на која требаше да се гласа законот за двојазичност одложена на неопределно

Седницата на која требаше да се расправа на Законот за јазици, првично закажана за денес во 12 часот, па одложена за во 15 часот, и дефинитивно денеска нема да се одржи – пренесе Телма

Практично не се пронаоѓа решение за повеќе од 35 илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ за овој закон.

Опозицијата ја блокира работата на Собранието, но за овој закон најави дека ќе присуствува на седницата за Законот за јазици, и инсистира да има амандманска расправа.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, минатата недела изјави дека евентуална амандманска расправа, би го блокирала Собранието.