дома Економија НИШТО ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА: Ќе доцни изградбата на железничката линија кон...

НИШТО ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА: Ќе доцни изградбата на железничката линија кон Бугарија

За година и половина се пролонгира рокот за изградба на железничката пруга Куманово-Бељаковце, кажа директорот на Железница Ирфан Асани.

Експропријацијата со земјиштето, археолошките наоѓалишта, градежните дозволи.. се дел од причините кои го предизвикуваат застојот. Првата делница за железничкото поврзување со Бугарија досега од вкупно проектираните 31 километар, целосно завршени се само 8 километри. Асани, очекува да биде готова до крајот на следната година.

– Првата делница којашто во моментов се работи за жал морам да кажам дека имаме задоцнување на работите на некои делови од проектот посебно на местата каде што процесот на експропријација се уште не е завршен поради административни и други пречки… Тоа ни даде дополнителен предизвик и работа во делот на тоа дека со изведувачот на работите треба да најдеме нов термин кој може да биде 31декември 2019 година за целата пруга“, рече Ирфан Асани, директор на Македонски железници-Инфраструктура.

Асани информираше и дека за втората делница кон Бугарија, на потегот Бељаковце-Крива Паланка во должина од 34 километри, градежните активности треба да започнат следното лето. Наскоро треба да се обезбедат пари и за третата делница во должина од 24 километри. Пругата кон Бугарија започна да се гради во 2014-тата.