дома Македонија НИШТО ОД ТУНЕЛОТ ПОД КАЛЕ: Поништен е тендерот за избор на фирма...

НИШТО ОД ТУНЕЛОТ ПОД КАЛЕ: Поништен е тендерот за избор на фирма која ќе ги проектира тунелите под Кале

Поништен е тендер за избор на фирма која ќе ги проектира тунелите под Кале. На јавниот повик кој лани во октомври го распиша Град Скопје понуди доставиле три фирми, две странски и една домашна, но поради недостатоци од формален карактер постапката морала да се поништи, дознава СДК.

Комисијата за јавни набавки ги отвори трите понуди и беше констатирано дека имаат недостаток од формален карактер кои согласно законските прописи не дозволуваат продолжување на постапката. Рокот за жалби истекува во петок и ако не пристигне ниту една наредната недела ќе објавиме нов тендер, вели градоначалникот Петре Шилегов.

Шилегов вели дека сите учесниците на тендерот ги задоволуваа критериумите и имаат листа на веќе изведени ваков тип на проекти на повеќе места во светот.

Очекувам дека до крајот на годината да имаме избрано добар проект, додава Шилегов.