дома Временска Прогноза Ни дoaѓа зимaтa: He очекуваат вpнежи од снег и минусни температури

Ни дoaѓа зимaтa: He очекуваат вpнежи од снег и минусни температури

Во недела времето ќе биде претпладне променливо облачно и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер.

Во понеделник времето ќе биде утрото многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура во понеделник ќе достигне -11 степени.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

УХМР предупредува дека поради продор на студен воздух денес од крајот на денот и утре ќе дува засилен северен ветер. Од ноќеска кон изутрина понекаде на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, а понекаде во котлините за појава на краткотарен дожд.