дома Автомобилизам Новата Трофео колекција на Масерати

Новата Трофео колекција на Масерати

Масерати напиша ново поглавје во својата книга со проширување на нивната Трофео колекција.

Масерати ги претстави новите верзии од веќе познатите Гибли,Кватропорте и Леванте модели, кои со новиот Трофео пакет се одликуваат како врвот на преформанси, спортско возење и луксуз.

За да се обележи чистокрвното Италијанско потекло, боите избрани за Трофео колекцијата се преземени од Италијанското знаме; Зелено за Кватропорте, бела за Леванте и црвена за Гибли, кои комбинирани со хромираните и црвени акценти даваат специфично агресивен и елегантен изглед.

Под хаубата на сите три модели лежи V8 мотор со два турбо полначи од 3.8 литри кој испумпува 580 коњски сили при 6,250 вртежи во минута и максимум вртежен момент од 730 Nm.

Моторот се изработува во седиштето на Ферари, Маранело – специјално по нарачка на Масерати. Гибли и Кватропорте можат да се пофалат со титулата на најбрзи седани, со максимална брзина од 326 километри на час, додека максималната брзина на Леванте е 302 километри на час.