дома Политика НОВА ВИЗИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА: Додека тие ја тонеа економијата, ние направивме документ...

НОВА ВИЗИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА: Додека тие ја тонеа економијата, ние направивме документ со кој нудиме нова визија за државата!

Додека се потпишуваа штетните договори како оној со Бугарија, додека ни правеа организирани хајки и политички прогони со цел да не оцрнат и да не прикажат како нечесни, додека сакаа да не деградираа и уништат ние тоа време го користевме за правење на анализи, каде беа нашите слабости во минатото, да направиме кадровско освежување во минатото, да ја зацврстиме партијата како народна и конзервативна и граѓанска десница, како и да подготвивме програми за локалните избори, истакна Никола Груевски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кавадарци.

-Додека тие ја тонеа економијата ние седнавме и направивме нов документ со кои што после се што се случи во Македонија нудиме една нова визија, „Нова Ера“ за Македонија, овој документ е ново утро за Македонија со кој ќе падне власта на 15 октомври. Додека тие мислеа што да срушат тоа што ние сме изградиле, дали да почнат од оградата на Владата или пак рушење на некој споменик на некој револуционер кој што си го дал живото за Македонија, додека тие тоа го правеа ние се фокусиравме како повторно да ја извадиме државата од ова помрачување. Додека тие се оптоварени со сите овие работи, ние направивме план за нова десетто летка во Македонија кој што е прецизно направен и работен повеќе од четири месеци, потенцираше Груевски.

Тој додаде дека Македонија во иднина ја гледа како членка во ЕУ и стратешко партнерство со САД, како и отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија.

-Ако ние во 11 години додека имаше две светски кризи и една домашна политичка криза успеавме да отвориме 173 илјади нови работни места, бидете сигурни дека ќе можеме во наредната десетто летка да отвориме најмалку 150 илјади работни места. Ние оваа Влада ја наследивме со близу 40 проценти невработеност, а пред четири месеци ја оставивме со близу 20 проценти на невработеност, а со оваа нова ера и визија Македонија ќе влезе во групата под десет проценти невработеност, вели Груевски.