дома Спорт НОВИНАР „ЈАДЕШЕ“ ТОПКА: Македонски новинар доби топка во глава додека интервјуираше фудбалери...

НОВИНАР „ЈАДЕШЕ“ ТОПКА: Македонски новинар доби топка во глава додека интервјуираше фудбалери од бизнис лигата

Во Македонија веќе неколку години редовно се одржува Бизнис лигата, во која компании од нашата држава се натпреваруваат во мал фудбал.

Можеби фудбалската игра во ова натпреварување не е она за што јавноста премногу знае, но сега се случи еден помалку интересен, но и болен момент.

Имено, новинарот кој земаше изјави од двајца играчи кои настапуваат во бизнис лигата, беше погоден од топка откако на загревањето еден од играчите најверојатно прво ја шутна во рамката од голот, а потоа топката заврши во лицето на новинарот.