дома Автомобилизам Новите спортски модели на Пежо почнуваат од 508 Sport Engineered

Новите спортски модели на Пежо почнуваат од 508 Sport Engineered

Peugeot Sport Engineered претставува нов тип преформанси- електрични машини со моќта да создадат нови сензации и возачки искуства, почнувајки со новиот модел 508 со погон на четри тркала и plug-in хибридна технологија.

Пежо ја отвара вратата кон нови хоризонти, каде киловатите владеат, овозможувајќи незаменлива снага за нивните модели. Тие се предводени од нивната страст и искуство, константно адаптирајќи се на новите технологии.

Потписот на оваа нова фамилија се новите Криптонски линии, обележувајќи ги спортските модели на Пежо, и потекнуваат од класичните задни светла на моделот 504 Купе.

Новиот модел 508 Peugeot Sport Engineered ја прикажува способноста на инжињерите кој повеќе пати се докажале на светските натпревари како Пајкс Пик, ДАКАР и Светскиот шампионат во Рели.