дома Временска Прогноза НОВИ ВРНЕЖИ ДЕНЕС!

НОВИ ВРНЕЖИ ДЕНЕС!

Денес (08.09.2016) територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов бран на врнежи кои доаѓаат од југ.

Поради тоа денес времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПООБИЛНИ ќе бидат во западните и во јужните предели. Можна е и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен , на некои места повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Температурата ќе се движи во интервал од 17 до 25 степени.

 


Временската прогноза ја подготви:

Славчо Попоски