дома Актуелно Нови дeтaли за апceњето на Kaмчев – Ова е улогата на Ременски

Нови дeтaли за апceњето на Kaмчев – Ова е улогата на Ременски

Власта повторно се обидува да ја дефокусира македонската јавност од секојдневните скандали, провизиите за кинеските вакцини и останатите неуспеси спроведувајќи политички прогонон врз своите неистомисленици.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го коментираше апсењето на бизнисменот Орце Камчев утринава кој беше рекетиран во случајот со Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Митовски открива во детали зошто е упасен Камчев, но и кој е потписникот на службената белешка во која се наведува дека подготвувал бегство.

-Каква измислица!

Орце Камчев да бил притворен за, внимавајте, изборна измама!
А, да му кажевте “фала” што ви донира лекови, кревети, превзема пациенти, бесплатно лечи луѓе, а?

Инаку, на Јовче Ременски треба да му биде јасно дека ставањето потпис на белешката со која се тврди дека Камчев подготвува бегство нема да ја спаси Фросина од одговорност, пишува Митовски.

Екс пратеничката на СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ташевска-Ременски е една од обвинетите лица во делот на измамите со наводна изградба на старечки домови од страна на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13.

Како што пишувавме утринава Камчев бил приведен од неколку единици „Алфи“ пред хотелот Александар Палас за наводна изборна измама како што стоело во записникот на полицијата. Во моментов во судот постои барање за притвор по основ на опасност од бегство, што нема никаква правна логика.