дома Здравје НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД ХИВ: Загрижувачки податоци – само во март регистрирани нови...

НОВИ ЗАБОЛЕНИ ОД ХИВ: Загрижувачки податоци – само во март регистрирани нови 8 забоелни од ХИВ

44441353 - sample blood collection tube with hiv test label on hiv infection screening test form.

Загрижувачки информации од месечните билтети на Институтот за јавно здравје.

Во текот на месеци март, пријавени се 8 нови случаи на ХИВ/СИДА. Пријавените лица се од машки пол, а во однос на возраста, 5 лица се од возрасната група од 20-29, и по еден случај се од 30-39 и 40-49 години.

Според местото на живеење на пријавените лица, четири се од Скопје, по два се од Неготино, а по еден од Прилеп и Делчево.

Сите новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА, во текот на овој месец, се припадници на МСМ популацијата Согласно евиденцијата на пријавените случаи (заклучно со 31.03.2018), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА за периодот 1987–2018 изнесува 370. Од вкупниот број на регистрирани:
• лица болни од СИДА се 186
• ХИВ позитивни лица се 184.

Од вкупниот број на досега регистрирани случаи:
• 84 лица починале, а
• 286 лица живеат со ХИВ/СИДА.