Новото пиво на Хајнекен, од калифорнискиот бренд Лаганитас, направено е со марихуана наместо алкохол.
Хај фај Хопс во моментов е достапен во делови на Калифорнија, каде канабисот е легален, а е дел од растечкиот тренд со кој етаблирани фирми влегуваат во индустријата со марихуана, објави Бизнис инсајдер.
Освен со ТХЦ, од кој во секоја има околу 10 мг, во понудата се и „пива“ со ЦБД, непсихоактивна компонента на канабисот, на кој се припишуваат многу терапевтски ефекти.
Пијалакот, за кој се направени посебни лименки, лансиран е на 30 јули, а една чини осум долари.
Корисниците му наоѓаат само една маана во однос на регуларните пива – не може да се пие во барови.