дома Временска Прогноза НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ: Се приближува циклонот Златка и носи интензивни врнежи

НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ: Се приближува циклонот Златка и носи интензивни врнежи

Циклонот „Златка“, кој забрзано се приближува кон земјата, повторно ќе услови нови врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните предели. Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Ќе дува ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Максималните дневни температури на воздухот и понатаму ќе бидат доста високи и ќе се движат помеѓу 14 и 22 степени. Денес се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд. Во сабота на повеќе места ќе имаме претежно суво време, иако локално ќе има услови за слаб дожд. Веќе во текот на ноќта сабота кон недела и во недела ќе навлезе уште еден нов бран на врнежи.