дома Европа Нов земјотpec со јачина од 4,4 степени ја погоди Грција

Нов земјотpec со јачина од 4,4 степени ја погоди Грција

Нов послаб земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денес го потресе подрачјето на Еласона во грчката област Тесалија, јавува АНА.

Агенцијата наведува дека нов земјотрес е регистриран денес во 11,36 часот, со епицентар на 13 километри југозападно од Еласона и 245 километри северозападно од Атина.

Земјотресот е дел од оној со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди централна Грција, при што беа повредени 11 лица и беа оштетени стотици згради.

Неколку помали земјотреси беа почувствувани синоќа, а најсилниот беше со јачина од 5,2 степени.