дома Актуелно НОВ КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ: Кој тоа однадвор го спремал Заев, Харадинај и...

НОВ КОНФЛИКТ НА БАЛКАНОТ: Кој тоа однадвор го спремал Заев, Харадинај и Бериша и зошто Села и Зекири имаа средби со терористи?

По падот на т.н. влада на Косово, воените аналитичари во регионот предупредуваат на можна ескалација на состојбите на Балканот, дополнително заострени поради нестабилната политичка ситуација во Македонија

Во текот на вчерашниот ден, освен американскиот дипломат и претставник на ОБСЕ во 1999 задолжен за Косово, Вилијам Вокер кој Србија го гони за воени злосторства поради вмешаност во масакрот на деца во Рачак што беше иницијална каписла за Косовкиот конфликт, вчера во домот на Зијадин Села пристигнаа и браќата Геци, инаку озогласени криминалци и терористи блиски до Рамуш Харадинај.

Браќата Геци придружувани од Мухамед Зекири од СДСМ вчера го посетија Села. Села пред неколку дена беше пуштен од тетовската болница каде лежеше поради инцидентите од 27-ми април во Собранието. На оваа посета не беше присутен Гани Геци. Тоа може да се забележи и на фотографиите постирани на Фејсбук профилите на Зијадин Села и Мухамед Зекири. Гани Геци не дошол на посета кај Села, бидејќи постои распишана потерница од страна на Србија, и плашејќи се да не го уапси македонската полиција не дошол за ова пренесува еден од албанските портали.

Според ЕУЛЕКС – Сабит Геци, Рустем Геци и Хетем Геци се прогласени за виновни за воено злосторство против цивилното население, поради убиството на Гани Бериша извршено на 18-ти јуни 1999 година во медицинскиот центар во Скендерај / Србица.

На 2 мај браќата кои се бивши припадници на УЧК и извршители на повеќе убиства, браќа на озогласениот косовски криминалец кој се бара со меѓународна потерница, Гани Геци, за извршување на повеќе убиства и други тешки кривични дела, се фотографираа во друштво на Харадинај.

На собирот по повод враќањето дома на Села и на собирот по ослободувањето на поранешниот лидер на ОВК присуствуваше и Рефик Черими, советник на Оливер Спасовски, генерален секретар на СДС. Меѓу гостите на Села беше и Мухамед Зекири, пратеникот од редовите на СДС.

Дека сценариото за дестабилизација на регионот е веќе видливо, докажува и фактот дека денес на т.н. влада во Косово и беше изгласана недоверба, на иницијатива на пратениците од партијата на Рамуш Харадинај. Експертите сметаат дека се работи за смислен проект со кој на чело на косовската влада треба да се постави воениот злосторник Рамуш Харадинај.

Имено за ова своевремено зборуваше и Зоран Заев, кој во неколку наврати му испраќал СМС пораки на екс-лидерот на ДПА Мендух Тачи. Во една од пораките се вели дека „големите од надвор“ го спремале него, Харадинај и Бериша.

Терористичката група пак, која пред две години упадна во Македонија и беше елиминирана од Македонските безбедносни сили, а во Косово беа дочекани како национални херои, тесно се поврзува со веќе споменатиот Харадинај, инаку бивш висок командант на УЧК.

Освен ова, за ситуацијата да биде дополнително загрижувачка е и фактот што силите на КФОР од Португалската мисија денес, утре и во петок се повлекуваат од територијата на Косово, што предизвикува одреден безбедносен вакум, имајќи во предвид дека значително ќе бидат намалени безбедносните капацитети стационирани на Косово.