дома Балкан НОВ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Двајца повредени во вооружен напад во џамија во...

НОВ НАПАД ВО ИСТАНБУЛ: Двајца повредени во вооружен напад во џамија во Истанбул

Најмалку двајца се повредени во вооружен инцидент во една од Истанбулските џамии, според Турските медиуми. Нападот се случил попладнето во џамијата Хасан Паша лоцирана во Европскиот дел на Истанбул, пренесуа државната агенција Доган

Двајца луѓе се хоспитализирани.

Луѓето се собирале во џамијата за молитва, кога напаѓачот отворил оган со пушка, пренесува новинската агенција, цитирајќи очевидци. Според некои извештаи, човекот отворил оган по расправија со неговиот татко. Постариот човек и уште еден кој стоел до него се повредени.


Нападот се случува на само неколку часа по масакрот кој се случи во ноќен клуб во Истанбул за време на Новогодишната прослава, во кој 39 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени. Полицијата сеупте трага по напаѓачот.