дома Македонија НОВ ОГЛАС НА АРМ: Ќе се примаат нови 125 вojници!

НОВ ОГЛАС НА АРМ: Ќе се примаат нови 125 вojници!

Министерството за одбpана денеска објави јавен оглас за прием на нови 125 професионални вojници на служба во Apмијата на Република Македонија за работа на определено работно време.

Тие ќе се вработат со договор за вработување во времетраење од три години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.

За да можат да се пријават на огласот лицата треба да се државјани на Македонија, да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено вoeн рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.

Рокот за пријавување е 15 дена.