дома Европа НОВ ПРОТЕСТ ВО БУДИМПЕШТА: Орбан не попушта, си ја штити земјата од...

НОВ ПРОТЕСТ ВО БУДИМПЕШТА: Орбан не попушта, си ја штити земјата од Сорос

Студенти и професори протестираа низ улиците на Будимпешта за да се спротивстават на владините мерки според кои универзитетот, основан од страна на американскиот милијардер, Џорџ Сорос, треба да биде дислоциран од Унгарија.

Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) најави дека ќе се пресели во Виена доколку унгарскиот премиер Виктор Орбан до 1 декември не обезбеди правна рамка за продолжување на работата на оваа институција во Унгарија.

Сорос повеќепати беше об винуван од владата на Орбан дека сака да ја уништи европската цивилизација со прифаќање на стотици илјади мигранти на континентот.