дома Актуелно НОВ СКАНДАЛ НА СПАСОВСКИ: Избега од медиумите и го остави пијаниот поттрчко...

НОВ СКАНДАЛ НА СПАСОВСКИ: Избега од медиумите и го остави пијаниот поттрчко да лаже за Диме Спасов!

Разобличувањето на полициско-криминалната местенка во режија на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски предизвика сериозна доза на револт во Македонската јавност откако лагите и манипулациите беа изведени на виделина

Во обид да избега од јавноста и бламот кој следи по ваков брутален обид за манипулирање, попладнево на закажаната прес конференција на МВР наместо техничкиот министер Спасовски, кој впрочем ги ангажирал полициско-криминалните структури да предизвикаат скандал со Диме Спасов, го испратил пијаниот партиски поттрчко, екс-новинар во 24Вести, а сегашен портпарол на МВР да лаже за случајот со Диме Спасов.

Со зборовите „јас работам во кабинетот на министерот, нема потреба од присилно обезбедување сам ќе се јавам на рочиштето“, партискиот војник и поттрчко на Оливер Спасовски, екс-новинарот Тони Ангеловски издејствувал да не го приведат и повторно да избегне појавување на суд иако, во времето на приведувањето ниту бил во кабинетот на министерот, ниту Оливер бил на функција.

Овие лаги Ангеловски ги употребил за да ја излаже полицијата и судот дека бил дел од кабинетот за да се спаси од казна.

 

Наредбата за негово приведување била издадена откако Ангеловски иако уредно известен одбивал да се појави на испитување пред Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, поради сторено дело „управување со моторно возило под дејство на алхохол“.

Според сознанијата, Ангеловски неколкупати ја надминал дозволената граница за возење под дејство на алхохол, или како што дознаваме од сообраќајната контрола, Ангелов бил толку пијан што претставувал непосредна опасност по безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. 

 

Неговите колеги пак тврдат дека, иако противзаконски поставен на раководна позиција (наместо да започне како приправник) Ангелов чувствувајќи заштита од Оливер Спасовски многу често се опуштал и се пијанчел дури и на работното место.

Попладнево овој пијан поттрчко имаше обид да го сокрие Оливер Спасовски од бламот пред Македонската јавност.