дома Македонија НОВ УДАP ПО ЏЕБОТ: Од овој месец повисоки сметки за вода за...

НОВ УДАP ПО ЏЕБОТ: Од овој месец повисоки сметки за вода за охриѓани!

Охриѓани овој месец ќе добијат повисоки сметки за вода.

Од сметките за мај цената на кубик потрошена вода се зголемува од 25,52 на 26,39 денари, а за колектор од 16,54 на 16,64 денари за метар кубен потрошена вода.

Тоа се должи на законот за утврдување цени на водни услуги и решението на Регулаторната комисија за енергетика за тарифите за вода и за собирање и одведување на урбани отпaдни води за период 2018-2020 година, а беше изгласано од советниците на СДСМ и коалицијата на крајот на 2017 година.

Ова не е прво поскапување на водата во Охрид откако СДСМ е на власт. Имено од јануари 2018 година сите корисници на вода на територијата на општина Охрид плаќаат дополнителен фиксен надоместок во висина од 70 денари, кој важи за сите физички лица без разлика дали се редовни, викенд станови или неактивни броила.