дома Македонија НОТОРНИ ГЛУПОСТИ И МАНИПУЛАЦИИ: Скопје 2014 го загрозувало Македонскиот идентитет, ама платформата...

НОТОРНИ ГЛУПОСТИ И МАНИПУЛАЦИИ: Скопје 2014 го загрозувало Македонскиот идентитет, ама платформата од Тирана била благородна?!

Никола Наумовски, братучед на Радмила Шеќеринска и дел од Шарената револуција смета дека проектот Скопје 2014 го загрозува македонскиот идентитет, но затоа пак нема ништо против платформата од Тирана.

-Скопје 2014 ни го допира и ни го менува идентитетот, нè прави антички, воинствени, не прави како да сме само Македонци, вели Наумовски во отвореното студио на ТВ Нова.

Тој претходно истакна дека не му пречи што платформата на албанските партии е донесена во Тирана.

-Во однос на прашањата што ги тангира таа платформа, сосема се легитимни тие прашања, како ќе се употребува јазикот, ќе се распределуваат доходите итн..не е ништо страшно да се отворат тие прашања. Јас би одел и многу подалеку, вели Наумовски.