дома Актуелно НОЌЕСКА НАПРАВЕН УПАД ВО ДБКИ: Силни полициски сили синоќа ги вознемирија аеродромци,...

НОЌЕСКА НАПРАВЕН УПАД ВО ДБКИ: Силни полициски сили синоќа ги вознемирија аеродромци, откако интервенирале по упад во ДБКИ!

Ноќеска во 1 часот по полноќ граѓани во населбата Аеродром блиску до касарната Гоце Делчев, биле вознемирени од силна бука и од силно присуство на полициски возила околу објектите на ДБКИ.

Во Дирекцијата настанала паника поради вклучувањето на безбедносниот аларм. Според информациите до кои што дојдовме, се претпоставува дека алармот бил вклучен поради непријавени движења во просториите на ДБКИ.

Интервенирале и припадници на единицата Алфа, но и униформирани припадници на Министерството за внатрешни работи. Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е задолжена за заштита на државните тајни и класифицираните информации на НАТО и ЕУ, кои се отстапени на нашата држава.

Засега, нема информација ниту од МВР, ниту од Дирекцијата за синоќешните случувања, иако очевидци тврдат дека ситуацијата била напната и тензична неколку часа.