дома Македонија Нухиу: СЈО веќе нема кредибилитет,а сваровски судсвото работи во полза на...

Нухиу: СЈО веќе нема кредибилитет,а сваровски судсвото работи во полза на Заев и СДСМ!

Аналитичарот и преведувач Арменд Нухиу во вечерашното гостување на ТВ Алфа во емисијата Отворено, потенцираше дека Република Македонија е далеку од правна држава. Според него, кредибилитетот на Специјалното јавното обвинителство е паднат иако претходно давал подршка.

Прво амнестијата на Крсто Муковски и на овие кои што отвораа врати па сега лапаат тендери од власта на СДСМ, мислам дека кредибилитетот на СЈО е на доста ниско ниво, вели Нухиу.

Тој спомена дека Заев ветувал реизбор на судиите, но сега токму тие сваровски судии работеле во корист на Заев и во полза на владата на СДСМ.

Оваа власт рече дека ќе прави реизбор на судии. Но, сега со истите судии така наречени своровски судии Заев работи. Сега истите судии судат во полза на оваа власта, што кажува на кредибилитетот на тие луѓе. Значи кој е на власт за тој газда ќе работи,истакна Нухиу.