дома Македонија Нe издpжaa ни 24 чaca: Дo кaдe co oвoj meнтaлитeт, yкpaдeни тaзe...

Нe издpжaa ни 24 чaca: Дo кaдe co oвoj meнтaлитeт, yкpaдeни тaзe зacaдeни дpвa

Откако од Град Скопје посадија 600 садници покрај новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“, украдени се 30 од нив во рок од 24 часа.

-Станува збор за садници кои се засадени во рамки на големата акција со која оваа есен над 15.000 листопадни и зимзелени садници, грмушки, перени и топијари ќе го раззеленат Скопје. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ја санираа штетата и веднаш посадија нови дрвја на истата локација. За жал, ова е еден од честите случаи за оштетување и уништување на јавните добра во Градот, а истиот е пријавен во МВР, велат од Град Скопје.

Оттаму апелираат да се чува зеленилото, бидејќи, како што велат, чисто Скопје е стремежот за сите нас.