дома Временска Прогноза Нecтaбилнo време не очекува и следната недела

Нecтaбилнo време не очекува и следната недела

И следната недела времето ќе биде со повремен дожд и грмежи.

Нестабилното време вчера најмногу ја погоди Крива Паланка каде имаше најголема количина на врнежи од дожд. Сепак, големи количини на вода акумулирани на патиштата има и во многу други општини, како Куманово, селата Липково, па дури и главниот град.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека во наредните два дена ќе има повремен дожд со кратки интервали.