дома Македонија ОБВИНЕТИТЕ ВО МОНСТРУМ, ДИВО НАСЕЉЕ-СИТЕ НА СЛОБОДА: ДУИ бара да се реши...

ОБВИНЕТИТЕ ВО МОНСТРУМ, ДИВО НАСЕЉЕ-СИТЕ НА СЛОБОДА: ДУИ бара да се реши прашањето за политичките затвореници!

ДУИ е за лустрација, но бара и поширока дебата на оваа тема.Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) е за процесот за лустрација но бара истовремено да се реши и прашањето за поранешните затвореници. пишува Алсат.

Ова го истакна пратеникот на ДУИ, Реџаил Исмаили, откако вчера пратениците на ДУИ, не присуствуваа на седницата каде што требаше да се дсикутира за Предлог законот за укинување на лустрацијата.

ДУИ е за лустрација бидејќи сме го гласале законот за лустрација, но сакаме за ова да има поширока дебата. Исто така сакаме да се отвори и прашањето за поранешните политички затвореници и паралелно да се реши прашањето за поранешните политички затвореници од комунистичкиот систем, изајви пратеникот Исмаил.