дома Свет ОБИД ЗА АТЕНТАТ НА АСАНЖ: Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж добил пакет...

ОБИД ЗА АТЕНТАТ НА АСАНЖ: Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж добил пакет со бела прашкаста материја и закана на негово име!

Основачот на разузнавачката мрежа „Викиликс“ Џулијан Асанж примил пакет во Амбасадата на Еквадор во Лондон со бела прашкаста материја, соопшти британската полциија, што Асанж го потврди на Твитер

„Можам да потврдам дека пакетот содржи непозната прашкаста супстанца и закана упатена на мое име. Истата е предадена на британската дипломатска полиција. Сфатив дека во тек се токсиколошки и форензички анализи“, напиша Асанж на Твитер.

Асанж од 2012.година се наоѓа во Амбасадата на Еквадор во која се крие за да не биде изречен на Шведска и САД, по објавувањето на американските тајни воени и дипломатски документи во 2010. година.

Британскиот судија во вторник изјави дека на 13. фебруари ќе донесе одлука за отфрлање на било каква акција на британските власти против оснивачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж кој за тоа се залага.

Амбасадата на Еквадор на Твитер наведе дека до тогаш ќе продолжи да пружа меѓународна заштита на Асанж.